ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
По враќањето од гостувањето во Малме, каде Црвена Звезда одигра натпревар од Лигата на Европа, група нејзини навивачи беа нападнати во БиХ.
Навивачите, кои слетаа на аеродромот во Тузла, по напуштањето на аеродромскиот комплекс биле нападнати од непознати лица. Инцидентот се случил во близина на паркинг-просторот, на околу половина километар од аеродромот, додека групата се движела кон возилата со кои планирала да се врати дома.
Полицијата во Тузла потврди дека навивачи на Црвена Звезда, биле нападнати од членови на „Торцида“, навивачи на Хајдук. Тие додаваат дека 93 лица се уапсени, а 23 лица се повредени во конфликтот.

