Vinkmag ad

ЃОКОВИЌ БЕЗ БОРБА ДО 1/4 НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Новак Ѓоковиќ успеа да стигне до четвртфиналето на Австралија опен и тоа без да го одигра својот осминафинален меч.

Чешкиот тенисер успеа да избори пласман во осминафиналето, но се повлече од турнирот поради повреда.

„Откако направивме сè што беше можно за да се обидам да продолжам понатаму, приморан сум да се повлечам од Австралија опен поради повреда на абдоминалниот мускул, која се влоши во последните неколку мечеви“, изјави Меншик.

„Иако сум многу разочаран, тоа што стигнав до четвртото коло тука, првпат во кариерата, е нешто што ќе го паметам долго време. Почувствував силна енергија од навивачите, а атмосферата во Мелбурн беше навистина извонредна.“

Новак ќе го чека победникот од дуелот меѓу Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.

Читај Претходна

САША ДИМИТРИЈЕВИЌ: СО ДЕЦАТА ТРЕБА ДА РАБОТАТ ВИСТИНСКИ ТРЕНЕРИ А НЕ…

Читај Следна

„ТОРЦИДА“ ИМ ПРИРЕДИ ЗАСЕДА НА „ДЕЛИИ“ (ВИДЕО)