(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Викендов во хотел во Илинден се одржа пикадо турнир на кој учество зедоа 48 натпреварувачи.
Ова е само еден од неколкуте турнири кои во изминатиот период ги организираат ентузијасти низ Македонија, а особено радува фактот што интересот постојано расте.
За потврда на тоа говори и првиот турнир, одржан пред неколку недели, на кој настапија дури 64 натпреварувачи.
Пикадото бележи голем подем и на европско ниво, па позитивно е што овој тренд полека се пресликува и кај нас.
Според најавите, во тек се активности за формирање на Пикадо федерација на Македонија, што би значело дополнителен чекор напред во развојот на овој спорт.
Наградниот фонд на турнирот одржан во Илинден, по договор на учесниците, ќе биде реинвестиран во набавка на нова опрема, со цел подобрување на условите и понатамошен развој на пикадото во Македонија.

