Vinkmag ad

ЃОРЧЕСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно ќе се обиде да избори пласман на главниот турнир на претстојниот Австралија опен. Македонската претставничка се пријави за настап во квалификациите на еден од најпрестижните турнири во светот и еден од четирите грен-слем натпревари.

Организаторите денеска ја објавија најновата листа на пријавени учеснички, на која се најде и името на Ѓорческа, со што е потврдено нејзиното учество во квалификацискиот дел од турнирот.

Австралија опен досега ѝ носи и најдобро грен-слем искуство на Лина, откако во 2017 година во Мелбурн стигна до третото квалификациско коло.

Останува надежта дека овојпат македонската тенисерка ќе има уште поуспешен настап и ќе успее да направи чекор повеќе кон главната ждрепка.

Читај Претходна

Избрани најдобрите во „Лига системот“ на Македонското Таеквондо

Читај Следна

МАРКО МИТЕВ Е ГАРАНЦИЈА ЗА ШОУ-ТАЈМ (ВИДЕО)