Одлично отворање на Европското У23 првенство имаше, Ален Рустемовски кој во осминафиналето, доминантно го совлада полјакот Јакуб Палка.
Рустемовски доминираше од самиот старт а во третата рунда откако повторно го урна противникот судијата ја прекина борбата и прогласи победа за Македонскиот боксер.
Следен противник на Ален во четвртфиналето е турчинот Селхатин Чинибулак.

