Vinkmag ad

МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛМАНСКИ БИСЕР: 16-ГОДИШНИОТ ИЛИН ГЕОРГИЕВ СО ФАНТАСТИЧНИ 20 ОДБРАНИ, ПОСТИГНАТ ГОЛ И ДВА ОДБРАНЕТИ ПЕНАЛИ!

Македонија отсекогаш била расадник на големи ракометни таленти, а дека иднината на македонскиот ракомет е во сигурни раце, потврдува и младиот Илин Георгиев, кој има само 16 години!

Младиот чувар на мрежата на РК Пролет 62 вчера приреди вистинско голманско шоу во убедливата победа над ГРК Преспа од 35:22.

Георгиев беше еден од главните херои на натпреварот, запишувајќи неверојатни 20 успешни интервенции, два одбранети пенали од два обида, а успеа и да се запише во листата на стрелците со еден постигнат гол. Во текот на сезоната Георгиев има постигнато вкупно четири погодоци.

Со вакви настапи, 16-годишниот голман покажува огромен потенцијал и најавува дека македонскиот ракомет добива уште еден исклучително перспективен чувар на мрежата.

Македонија има многу талентирани млади голмани, а Илин Георгиев несомнено е еден од оние на кои вреди да се обрне посебно внимание.

🇲🇰 Иднината на македонскиот ракомет се гради токму со вакви таленти!

Читај Претходна

ЧЕФЕРИН: ИМАМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА СО МАСАР ОМЕРАГИЌ – МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Е ВО ДОБРИ РАЦЕ