Vinkmag ad

МАРКО МИТЕВ Е ГАРАНЦИЈА ЗА ШОУ-ТАЈМ (ВИДЕО)

Јануари и оваа година ќе мине во знакот на ракометот, бидејќи се приближува почетокот на Европското првенство 2026, на кое ќе настапи и македонската репрезентација. Во пресрет на континенталниот шампионат, медија-тимот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на своите официјални социјални мрежи објави видео посветено на Марко Митев, кој важи за еден од клучните адути во националниот тим.

„Гарантиран шоутајм. Талентот кој е во подем ја предводи Македонија на осмото Европско првенство по ред. Може ли оваа селекција да ја мине групата во која се и Данска, Португалија и Романија?“, стои во објавата на ЕХФ.

Македонија ќе го отвори настапот на шампионатот на 16 јануари со натпревар против домаќинот Данска, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров потоа ќе се соочат и со Португалија и Романија во борбата за пласман во следната фаза.

 

Читај Претходна

ЃОРЧЕСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Читај Следна

ЈУВЕНТУС ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА САНДРО ТОНАЛИ