МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Јувентус е решен да направи сериозен обид во јануарскиот преоден рок за ангажман на Сандро Тонали. Според пишувањето на „Газета дело Спорт“, интересот за италијанскиот репрезентативец е голем, а новиот тренер на „бјанконерите“, Лучијано Спалети, е особено импресиониран од квалитетите на играчот од средниот ред.
И во раководството на клубот веруваат дека 25-годишниот фудбалер може да донесе значително подобрување во играта и да му помогне на тимот да направи исчекор, поради што веќе се разгледуваат можностите за договор со Њукасл.
Англискиот клуб засега нема намера да се откаже од Тонали, но во случај самиот фудбалер да побара трансфер, ќе се разгледуваат исклучиво понуди со висока финансиска вредност.
Јувентус во моментов не е подготвен за голема инвестиција, но евентуалната желба на Тонали да се врати во Серија А може да оди во прилог на постигнување компромис. Како најреална опција се споменува позајмица, при што откупот би бил условен со обезбедување пласман во Лигата на шампионите.

