(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ќе се собере на подготовки веднаш по новогодишните празници, од 2. до 5. јануари 2026 година.
Под водство на селекторот Горан Кузманоски, младите ракометари ќе ги интензивираат тренинзите во пресрет на Европското првенство за кадети, кое следната година ќе се одржи во Србија. Во рамките на подготовките, се договорени две пријателски средби со кадетската репрезентација на Црна Гора.
Овие контролни натпревари ќе им овозможат на избраниците на Кузманоски да ја проверат формата и да ги усовршат тактичките варијанти пред Европското првенство, кое ги очекува во август.
Собирот и пријателските средби се важен дел од финалната фаза од подготовките на македонските кадети, кои имаат за цел да остават силен впечаток на европската сцена.

