МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ одигра извонреден натпревар во американскиот колеџ шампионат и беше херој во драматичната победа на Стони Брук.
Шошкиќ блесна со рекордни 27 поени, со што постави личен и колеџ рекорд, а воедно беше и клучниот играч во финишот на натпреварот. Македонецот ги погоди последните две слободни фрлања, со кои му ја донесе победата на својот тим од 81:80.
Покрај поентерскиот учинок, Шошкиќ практично одигра совршен натпревар.
- 27 поени
- 6 асистенции
- 1 блокада
- 1 украдена топка
- 0 загубени топки
Импресивна беше и неговата шутерска ефикасност:
- 4/5 за два поени
- 5/5 за три поени
- 4/4 слободни фрлања
Со ваквата партија, Андреј Шошкиќ уште еднаш потврди дека станува збор за еден од најперспективните македонски кошаркари, кој сериозно кошаркарски напредува на колеџот во САД.

