Селекторот Кирил Лазаров го направи првиот рез на списокот за патници за Европското првенство. Од конкуренција, отпадна десниот бек, Томислав Јагриновски.
Како што информираше Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Јагуриновски отпаднал, поради повреда. Соопштението, Ви го пренесуваме во целост.
„Ве информираме дека ракометарот Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година, поради повреда и истиот отпадна од списокот. По одлука на селекторот Кирил Лазаров, конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство ќе биде познат и официјално споделен со јавноста во вторник, во претпладневните часови. Ви благодариме на разбирањето. Со почит, Ракометна федерација на Македонија“

