Vinkmag ad

АНДРЕЈ ШОШКИЌ СО РЕКОРД НА КОЛЕЏ – ЈУНАК ВО ПОБЕДАТА НА СТОНИ БРУК

фото: Stony Brook

Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ одигра извонреден натпревар во американскиот колеџ шампионат и беше херој во драматичната победа на Стони Брук.

Шошкиќ блесна со рекордни 27 поени, со што постави личен и колеџ рекорд, а воедно беше и клучниот играч во финишот на натпреварот. Македонецот ги погоди последните две слободни фрлања, со кои му ја донесе победата на својот тим од 81:80.

Покрај поентерскиот учинок, Шошкиќ практично одигра совршен натпревар.

  • 27 поени
  • 6 асистенции
  • 1 блокада
  • 1 украдена топка
  • 0 загубени топки

Импресивна беше и неговата шутерска ефикасност:

  • 4/5 за два поени
  • 5/5 за три поени
  • 4/4 слободни фрлања

Со ваквата партија, Андреј Шошкиќ уште еднаш потврди дека станува збор за еден од најперспективните македонски кошаркари, кој сериозно кошаркарски напредува на колеџот во САД.

Читај Претходна

ТОМИ ЈАГУРИНОВСКИ ОТПАДНА – ЛАЗАРОВ ГО НАПРАВИ ПРВИОТ РЕЗ

Читај Следна

ТИКВЕШ НА ПОДГОТОВКИ ВО БЕЛЕК