МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Новогодишните празници се време кога се прави мала ретроспектива на она што поминало во старата година, и она што се очекува да ни донесе новата. Импресии, впечатоци, планови и секако желби. Се во едно. Помешани емоции за она што се случило и за она што допрва треба да се пристигне.
За Столе Димитриевски, еден од нашите репрезентативни капитени изминатата 2025 година на клупски план не беше успешна. Она што требаше да биде круна на неговата досегашна кариера, трансферот во Валенсија, се претвори во „вакум“ период во кој нашиот искусен голман е само резерва во очекување на позитивен расплет на настаните.
Спортспорт традиционално е на линија со нашиот интернационалец, а тој како и по обичај строго професионален без „зли“ мисли и со позитивна енергија ни се јавува од сончевата Валенсија.
„Превентивно малку паузирав неколку дена, веќе сум во тренажен процес заедно со екипата. Тоа е што е, ситуацијата е таква каква што е, ќе мора да се изборам за подобар статус во клубот“– ни рече Димитриевски на темата Валенсија и веднаш се префрли на во моментов многу поведрата, репрезентацијата на Македонија.

Данска е мечот на оваа генерација
Баражот во Данска дефинитивно е она кон што овие репрезентативци како генерација се стремеа да стигнат периодов. Истиот е круна на одлично одиграните квалификации, освоените бодови, серијата без пораз до оној кобен меч во Велс.
„Баражот против Данска според мене секако дека е еден од најважните, ако не и најважен меч за оваа генерација која што сме во моментов. А и за онаа што доаѓа. Ова е меч кој го играме и за оние што доаѓаат. За историја. За пласман на Мундијал. Има многу во тој меч. Затоа мора да се даде максимум. Да се биде на највисоко ниво затоа што го заслужуваме тоа“ – вели Димитриевски па веднаш се надоврзува со она што веќе го имаме пројдено. Баражот против Италија.
Палермо како искуство како треба, Португалија е поразот кој најмногу ме боли
„Добро е што веќе имаме такво искуство. Оној дуел против Италија. Поголемиот дел од овие репрезенаттивци беа и на тој меч. На тој меч одлично се одбранивме. Тоа е позитивниот момент од тој дуел. И ја искористивме шансата која што ја имавме. Штета што ете тој историски тирумф не беше награден со наш конечен пласман на Мундијалот во Катар, затоа што загубивме од Португалија, потоа но секако дека тоа е огромно искуство за сите нас, како треба да се однесуваме на такви мечеви“ – се присетива Димитриевски на тие историски моменти па самиот на себе се надоврзува.

