Vinkmag ad

ТИКВЕШ НА ПОДГОТОВКИ ВО БЕЛЕК

Фудбалската екипа на Тиквеш од Кавадарци полека ги одбројува деновите до почетокот на зимските базични подготовки, со кои ќе се означи стартот на вториот дел од сезоната.

Под водство на тренерот Борче Христов, кавадаречкиот состав во завршницата од есенскиот дел прикажа подобра игра и оствари поволни резултати, што дава оптимизам пред продолжението на првенството. Во клубот се надеваат дека зимскиот период ќе донесе целосен „ресет“ и нов импулс за тимот.

Раководството најавува промени во играчкиот кадар – се очекуваат нови засилувања, но и разделба со фудбалерите кои не се во плановите за пролетниот дел од сезоната, додека подготовките ќе бидат насочени кон максимално кревање на формата.

Според информации од клубот, Тиквеш главниот дел од подготовките ќе ги реализира во Турција, поточно во Белек, каде што ќе престојува во периодот од 17 до 31 јануари.

Што се однесува до заминувањата, засега е потврдено само напуштањето на Александар Мишов, додека во наредните денови се очекуваат повеќе информации околу играчкиот ростер.

Прозивката за старт на подготовките е закажана за 9 јануари.

Читај Претходна

АНДРЕЈ ШОШКИЌ СО РЕКОРД НА КОЛЕЏ – ЈУНАК ВО ПОБЕДАТА НА СТОНИ БРУК

Читај Следна

СЕРИОЗНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ВТОРОЛИГАШОТ ШКЕНДИЈА (А)