(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Отсуството на Никола Јокиќ сè појасно се чувствува во редовите на Денвер, кој без својот најдобар играч влегува во резултатска и играчка криза. Шампионот од 2023 година постепено ја губи стабилноста и ризикува пад на табелата, со реална опасност да се најде дури и на петтата позиција во Западната конференција.
Натпреварот против еден од послабите тимови во лигата не донесе пресврт – Нагетс во текот на целиот дуел беа во негатива и на крајот сосема заслужено претрпеа пораз. Ова беше петти меч од гостувачката турнеја низ Источната конференција, по која ги очекуваат уште средбите против Филаделфија и Бостон.
Јокиќ го пропушти четвртиот натпревар по ред, а според најавите од американските медиуми, српскиот центар најверојатно нема да се врати на теренот до крајот на јануари.
Во победничкиот тим, Мајкл Портер Џуниор одигра одличен меч против својот поранешен клуб и беше најрасположен со 27 поени, 11 скока и 5 асистенции. Поддршка доби од Ноа Клоуни (22 поени, 6 скока), додека Томас и Шарп додадоа по 17 поени. Јегор Дјомин и Заир Вилијамс завршија со по 13 поени.
Кај Денвер, најдобар беше Џамал Мареј со 27 поени и дури 16 асистенции, Тим Хардавеј Џуниор уфрли 26 поени, Пејтон Вотсон 23, а Арон Гордон натпреварот го заврши со 20 поени, 6 скока и 2 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ ОД НБА
- ЛА Лејкерс – Мемфис 120:114
- Сакраменто – Милвоки 98:115
- Феникс – Оклахома 108:105
- Мајами – Њу Орлеанс 125:106
- Вашингтон – Минесота 115:141
- Бруклин – Денвер 127:115
- Орландо – Индијана 135:127
- Кливленд – Детроит 110:114

