(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонската ракометна репрезентација со пораз ги започна подговителните натпревари за настап на Европското првенство во Данска. „Црвено-жолтите“ гостуваа кај Хрватска во Пореч и беа поразени со 26-23.
Во почетните 15 минути резултатот беше израмнет (7:7), а Кузманоски со четири погодоци беше најистакнат во овој период. Сепак, во следните пет минути Хрватска постигна три гола по ред и поведе со 10:7 во 20 минута. Македонија ги промаши првите три пенали кои ги изведе (Костески два и еден Кузмановски). До крајот на првото полувреме остана три гола разликата (14:11).
Во второто полувреме нашата селекција постојано беше во обид да ја анулира негативата на противникот. Неколку пати разликата беше само еден гол, последен пат во 58 минута кога беше 24:23. Во следниот напад Хрватите постигнаа гол, нашите промашија зицер, па на крајот резултатот беше 26:23.
Голманот на Хрватите, Дино Славиќ беше одличен на голот и имаше 16 одбрани, а шест гола даде Љевар. Во составот на Македонија најистакнати беа капитенот Кузмановски со седум голови, како и голманот Митревски кој имаше 12 одбрани.

