Vinkmag ad

ШОКАНТЕН ПОТЕГ НА НОВАК ЃОКОВИЌ

Фото: x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ донесе одлука да ја напушти Здружението на тениски професионалци (ПТПА), организација што самиот ја основа во 2019 година заедно со Васек Поспишил.

Србинот преку официјално соопштение ја образложи причината за повлекувањето, нагласувајќи дека моменталниот правец на организацијата повеќе не ги одразува неговите вредности и принципи.

„По внимателно размислување, решив целосно да се повлечам од ПТПА. Моето учество беше мотивирано со цел да се создаде посилен и понезависен глас за играчите, но сега е јасно дека моите вредности и пристап не се во согласност со моменталниот правец на здружението“, напиша Ѓоковиќ.

Тој додаде дека гордоста за визијата која заедно со Поспишил ја имале при создавањето на здружението останува, но дека е време за нова фаза: фокус на тенисот, семејството и придонесот во спортот според неговите принципи и интегритет.

„На сите играчи и луѓе вклучени во ПТПА им посакувам многу успех понатаму, но за мене ова поглавје е затворено“, додаде српскиот ас.

Ѓоковиќ сега се подготвува за првиот Гренд слем во годината – Отвореното првенство на Австралија, кое започнува на 12 јануари. Тој ќе атакува на својата 25-та Гренд слем титула.

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА ОД ХРВАТСКА ВО ПОРЕЧ

Читај Следна

ТАЈСОН ФЈУРИ СЕ ВРАЌА ВО РИНГОТ