Vinkmag ad

ТОМОВСКИ: ЌЕ ДАДЕМЕ МАКСИМУМ

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, кој како единствен интернационалец се приклучи на националниот тим, ги започна подготовките за Европското првенство 2026. Пријателските натпревари и подготвителниот турнир ќе бидат клучни за проверка на формата и корекција на слабостите.

Томовски, кој настапува во втората германска Бундеслига за Битигхајм, потенцира дека тимот има јасна цел – да биде максимално подготвен за предизвиците на ЕП:

„Добро се познаваме, иако има некои новитети. Долги години сум во репрезентацијата, имаме одлична атмосфера. Имав мала поштеда, добро ми дојде, се приклучив во новата година, здрав и со големи амбиции и мотивација. Според мене, многу е подобро времето да го користиме на пријателски натпревари, бидејќи таму може да видиме вистински што правиме добро, а што грешиме. Тоа ќе биде одлична увертира за нас и селекторот да видиме до каде сме. Се надевам на добар подготвителен турнир во Швајцарија, со желба да останеме здрави и тоа искуство да го пренесеме на ЕП. Данска е апсолутен фаворит, Португалија е селекција во подем, тука е и Романија која е зрел и искусен тим, иако е подмладен. Секој натпревар ќе биде од посебен карактер, ама нашата цел е да дадеме максимум и да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Томовски.

Жолто-црвените денеска ги одработуваат последните тренинзи во Скопје, утре имаат слободен ден, а в среда преку Цирих ќе заминат за Винтетур. Таму ќе одиграат три пријателски средби на турнирот против домаќинот, Бахреин и Украина. Европското првенство ќе го почнат против Данска на 15 јануари во Хернинг.

Читај Претходна

ЛАЗАРОВ: СОЗАДАВАМЕ ДОБРА ХЕМИЈА, НАШАТА ШАНСА Е ВО КОЛЕКТИВОТ

Читај Следна

ВИДЕО: МАКЕДОНЕЦ ОД АВСТРАЛИЈА КОЈ СОНУВА ДА ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА – ЗАПОЗНАЈТЕ ГО САМУЕЛ ВРТКОВСКИ