Vinkmag ad

ГО НАПУШТА ФУДБАЛОТ, ЗА ДА СЕ ПОСВЕТИ НА СЕМЕЈСТВОТО

Лајпциг попладнево објави дека ја прекинува соработката со Кевин Кампл, 35-годишниот словенечки фудбалер кој со години беше дел од редовите на бундеслигашот.

Сезонава, Кампл воопшто не настапуваше поради семејни причини – најпрво почина неговиот брат, а сега и неговиот татко е тешко болен. Фудбалерот сам побара раскин на договорот за да може целосно да се посвети на семејството.

Лајпциг планира да му организира збогување на дуелот против Баерн на 17 јануари, со што ќе се стави крај на плодната соработка која започна во 2017 година, кога Кампл пристигна од Баер Леверкузен.

„Секогаш ќе ги паметам овие осум и пол години во Лајпциг. Од првиот ден бев пречекан на прекрасен начин, заедно испишувавме историја и ги освојувавме првите клупски трофеи. Сепак, сега е време да се посветам на други приоритети. Како што тоа го правев во последните месеци, сега целосно ќе се фокусирам на семејството и мојот дом. Не би ја исклучил целосно можноста за враќање на теренот еден ден, но во моментов тоа ми се чини нереално. Сакам повеќе време да минувам со најблиските“, изјави Кампл.

Читај Претходна

РЕМИ НА РЕАЛ СОСИЕДАД И АТЛЕТИКО МАДРИД

Читај Следна

СТАРТУВА МИНИ ПРЕОДНИК РОК ВО МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА