Vinkmag ad

МЕГРЕГОР: НЕКА ПОЧЕКААТ БОРБИТЕ СО ЈУТЈУБЕРИТЕ – СЕ ВРАЌАМ ЗА ТИТУЛА

Конор Мек Грегор изјави дека засега се концентрира на враќањето во УФЦ и борбата за историска трета титула во велтер категоријата, додека егзибициските средби со Логан Пол или КСИ би можеле да дојдат подоцна, по завршувањето на професионалната кариера.

Ирецот планира да започне нова кампања на настанот на УФЦ во Белата куќа во јуни, а потоа да се фокусира на можен дуел со шампионот Ислам Махачев.

Мек Грегор рече дека претходно имал договор за мегаборба со Логан Пол, но тоа пропаднало откако Пол се префокусирал на ВВЕ. Сепак, борбите со јутјуберите тој ги нарекува „никсери“ – споредна работа – и ги остава за подоцнежна фаза од животот.

Ирецот го посочи Мајк Тајсон како инспирација, нагласувајќи дека физичката подготвеност може да се одржува и во 50-тите години, што му дава самодоверба да се фокусира на елитни борби сега.

Читај Претходна

ГРЧКИ КИКБОКСЕР ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ПО МЕЧ ВО НОВИ ПАЗАР, ЧЕТИРИ ЛЦИА УАПСЕНИ

Читај Следна

ОГРОМЕН УСПЕХ: ЕВРОПСКА БРОНЗА ЗА ФИЛИП БЛАЖЕВСКИ ОД ТК БУТЕЛ