Македонскиот таеквондист Филип Блажевски оствари фантастичен успех на Европското првенство до 21 година, кое се одржа во Приштина, освојувајќи го бронзениот медал.
Блажевски на патот до одличјето забележа три победи и уште еднаш го потврди својот голем потенцијал, стигнувајќи до врвен резултат на европската сцена.
По враќањето во Скопје, младиот таеквондист беше пречекан од д-р Борче Костовски, кој му упати честитки за големиот успех и го истакна значењето на овој голем резултат за македонскиот спорт.
Филип Блажевски важи за една од новите големи олимписки надежи во таеквондо – спорт кој ѝ го донесе на Македонија најголемиот успех во историјата, сребрениот медал на Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио.

