(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Тинејџерската сеназција Лук Литлер повторно ја потврди својата извонредна форма и ја одбрани титулата светски првак во пикадо. Во финалето на Светското првенство, тој убедливо го победи 23-годишниот Холанѓанец Џиан ван Вен и уште еднаш испиша историја во овој спорт.
Литлер, кој минатата година стана најмладиот светски првак во историјата на пикадото, со новата победа стана и најмладиот играч со најмалку две освоени светски титули. За успехот во финалето, тој доби парична награда од еден милион фунти.
„Сумата е огромна и го менува животот. Сè уште не сум сигурен што ќе купам. Автомобил не размислувам да менувам засега… Ќе видиме“, изјави Литлер скромно.
Со оваа титула, Лук Литлер се приклучи на ексклузивен список на легендарни пикадисти, станувајќи само четвртиот играч кој успеал да ја одбрани титулата светски првак, по Фил Тејлор, Адријан Луис и Гери Андерсон.

