Vinkmag ad

ХЕРНАНДЕЗ МУ СЕ ОДМАЗДУВА НА МИЛАН – СЕ СЕЛИ ВО ГОЛЕМИОТ РИВАЛ НА „РОСОНЕРИТЕ“!?

Францускиот лев бек Тео Хернандез, поранешен ѕвезда на Милан, може наскоро да се врати во италијанскиот фудбал, овој пат во дресот на Јувентус. Според информации на италијанскиот новинар Карло Пелегати, преговорите меѓу агентите на играчот и „старата дама“ се во напредна фаза, а трансферот би можел да се реализира во летниот преоден рок.

Хернандез го напушти Милан во јули 2025 година и премина во саудискиот Ал Хилал за околу 25 милиони евра. Иако договорот во Саудиска Арабија носеше висока плата, 28-годишниот Французин подоцна призна дека не сакал да го напушти „Сан сиро“.

По само половина сезона во Саудиска Арабија, Хернандез е решен да се врати во европскиот фудбал. Неговиот договор со Ал Хилал е до јуни 2028 година, па Јувентус ќе треба да преговара со саудискиот клуб. Враќањето кај ривалот на Милан сигурно ќе предизвика бурни реакции, особено кај навивачите на „росонерите“, со кои Хернандез помина шест сезони, одигра 262 натпревари и беше клучен за Скудетото во 2022 година.

Читај Претходна

МРК КУМАНОВО ДОБИ СРПСКИ ТРЕНЕР

Читај Следна

ИГРАЧ НА КЛУЖ ЈА ЗАСИЛИ ШКЕНДИЈА