Vinkmag ad

ПЕШЕВСКИ: БАХРЕИН Е РЕПРЕЗЕНАЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва отвора против Бахреин на пријателскиот турнир во Швајцарија.

Пред оваа средба изјава за медиумите даде Жарко Пешевски кој потенцираше дека ќе се соочиме со една квалитетна селекција, меѓутоа за нас во овој момент е поважна играта отколку резултатот.
По секое вакво тешко патување, кратко е времето за одмор, но ние максимално се подготовивме за овој тренинг и се надевам дека ги исполнивме барањата на селекторот. На турнирот ќе играме против репрезентации кои многу ги респектираме и овие дуели сигурно добро ќе ни дојдат да се подготвиме за Европското првенство.Бахреин е репрезентација за почит, но ние си имаме свои планови. Резултатот не е важен, фокусот е на играта, ќе се обидеме да ги намалиме сите недостатоци со цел да бидеме подобри во натпреварите кои следат“, изјави Пешевски.

Натпреварот со Бахреин го играме во 20:30 часот, додека на 9-ти јануари ќе се соочиме со Украина (17:45), а потоа на 10-ти во последниот дуел ќе ги одмериме силите со домаќинот Швајцарија (18:30).

Читај Претходна

ДИМИТРИЈЕВИЌ: ПЕШИЌ МИ ДОЗВОЛУВА ДА БИДАМ СВОЈ

Читај Следна

ВАРДАР ОДБИ ДВЕ ПОНУДИ ЗА РОЏЕРС МАТО