Vinkmag ad

РАКОМЕТАРИТЕ ДЕНЕС ЌЕ ГИ ОДМЕРАТ СИЛИТЕ СО УКРАИНА

Македонската ракометна репрезентација денеска го продолжува настапот на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија, со дуел против Украина. Натпреварот започнува во 17:45.

По вчерашната рутинска победа против Бахреин, селекторот Кирил Лазаров денес против Украина  има нова можност за тестирање на различни тактички варијанти во пресрет на Европското првенство.

Селекцијата на Украина ќе биде претпоследен тест за Македонија пред заминувањето за Хернинг, каде нè очекува настапот на Европското првенство. Украина во вчерашното прво коло на „Жолтиот Куп“ загуби убедливо од Швајцарија (38-27). Па, ако се суди според тој резултат, реално е денес да очекуваме нова победа на Македонија, која ќе ја подобри атмосферата во тимот и ќе ја подигне самодовербата пред клучните битки во Данска.

Во последното коло од „Жолтиот Куп“, утре ќе истрчаме на терен против Швајцарија од 17:45.

 

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА ГО СОВЛАДА БАХРЕИН

Читај Следна

„НУЛА“ НА ЕМИРАТИ ВО ДЕРБИТО ПОМЕЃУ АРСЕНАЛ И ЛИВЕРПУЛ