Vinkmag ad

„НУЛА“ НА ЕМИРАТИ ВО ДЕРБИТО ПОМЕЃУ АРСЕНАЛ И ЛИВЕРПУЛ

Арсенал и Ливерпул одиграа без голови во дербито од 21. коло во Премиер лигата, кое вечерва се играше на „Емирати“. И покрај големите очекувања и отворената игра од двете страни, резултатот остана непроменет до последниот свиреж.

Гостите од Ливерпул први се заканија посериозно во 27. минута, кога ударот на Бредли заврши во рамката на голот, но среќата беше на страната на Арсенал. „Топчиите“ возвратија преку Тросар, но без поголема опасност по голот на Алисон.

Во продолжението, Собослаи имаше неколку обиди да ја скрши одбраната на Арсенал, но лондонскиот тим успеа да го сочува својот гол и да освои бод во дербито.

По ова реми, Арсенал останува на врвот на табелата со 49 бодови, додека Ливерпул се наоѓа на четвртото место со 35 поени.

Читај Претходна

РАКОМЕТАРИТЕ ДЕНЕС ЌЕ ГИ ОДМЕРАТ СИЛИТЕ СО УКРАИНА

Читај Следна

РЕАЛ ЗАКАЖА „ЕЛ КЛАСИКО“ ЗА ТРОФЕЈОТ ВО СУПЕРКУПОТ