МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Избраниците на Кирил Лазаров ја запишаа втората победа на Жолтиот Куп во Швајцарија, совладувајќи ја селекцијата на Украина со 31:26.
Македонија започна лошо, промашувавме зицери, дозволивме лесни погодоци на противникот и правевме многу технички грешки што резултираше со негатива од четири погодоци на полувреме (17:13)
Сепак нашите момци успееја да се консолитираат во вториот дел, со многу поцврста одбрана, сигурна реалиација во нападот, брзо почна да се топи негативата. X фактор на селекторот Лазаров беа Игор Ѓоргиев и Иван Галевски, едниот одличен во нападот, другиот одличен на голот.
Македонија веќе во 40 минута го презеде водството и потоа само го зголемуваше за конечни 31:26.
Слбоодно може да се каже дека во натпреварот со Украина видовме две различни лица на нашата репрезентација, она од првото полувреме со многу грешки и слаба реализација, и она од второто полувреме со цврста одбрана, брз проток на топка и реализација од ралзични позиции,
Најефикасен на натпреварот беше капитенот Филип Кузмановски со седум погодоци а одличен на крајот беше и Ѓоргиев со 4/4
УТРЕ ВО 18:00 ПРОТИВ ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ИГРАМЕ ЗА ПРВО МЕСТО НА ТУРНИРОТ

