Vinkmag ad

ВАТЕРПОЛИСТИТЕ НА СРБИЈА ЈА СРУШИЈА ШПАНИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ

На Европското првенство кое се одржува во соседна Србија, во дербито на денот домаќинот славеше против големиот фаворит – Шпанија, со 12-11 по драматична борба во Белградската арена.

Србија победата ја обезбеди во последната минута. Најпрвин  Страхиња Рашовиќ изедначи на 58 секунди пред крај, а неговиот роден брат Виктор Рашовиќ, шест секунди пред крај, го постигна голот на кариерата вреден победа за Србија.

Со оваа победа е јасно дека „орлите“ како првопласирани ќе минат во следната рунда

Читај Претходна

РАКОМЕТАРИТЕ ТРЕНИРАА НА ДАНСКО ТЛО (ВИДЕО)

Читај Следна

ЧАБИ АЛОНСО Е „ПОРАНЕШЕН“ ТРЕНЕР НА РЕАЛ