МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Фубалерите на Реал Мадрид доживеаја пораз во финалето на Суперкупот на Шпанија од Барселона, а еден ден подоцна останаа и без тренер, откако Чаби Алонсо повеќе не е стратег на Кралскиот клуб.
Како што соопшти Реал Мадрид преку официјалната веб-страница и социјалните мрежи, Чаби Алонсо повеќе не е тренер на „Лос Бланкос“.
„Реал Мадрид соопштува дека, со заеднички договор на клубот и Чаби Алонсо, донесена е одлука да се стави крај на неговата етапа на позицијата тренер на првиот тим.
Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на целокупната мадридска јавност, бидејќи е легенда на Реал Мадрид и во секој момент ги претставуваше вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом.
Нашиот клуб му се заблагодарува на Чаби Алонсо и на целиот негов стручен штаб за работата и посветеноста во овој период и им посакува многу среќа во новата етапа од нивните животи.“
Чаби Алонсо седеше на клупата на Реал во изминатите шест месеци, а во тој период на 34 натпревари запиша 24 победи, четири ремија и шест порази, со гол-разлика 72:38.

