На Европското првенство кое се одржува во соседна Србија, во дербито на денот домаќинот славеше против големиот фаворит – Шпанија, со 12-11 по драматична борба во Белградската арена.
Србија победата ја обезбеди во последната минута. Најпрвин Страхиња Рашовиќ изедначи на 58 секунди пред крај, а неговиот роден брат Виктор Рашовиќ, шест секунди пред крај, го постигна голот на кариерата вреден победа за Србија.
Со оваа победа е јасно дека „орлите“ како првопласирани ќе минат во следната рунда

