(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со фуриозна победа против Австријката Краус (7-6; 6-0) ги стартуваше квалификациите за првиот гренд-слем во годината, Австралија Опен.
Aмбициите на Лина не застануваат тука. Доволно е искусна, против Краус делуваше екстра квалитетно, и впечатокот е дека можеби сега е вистинското време за историја и пласман во главниот ждреб.
За тоа да се случи, Ѓорческа ја очекува нов тежок предизвик, тенисерката од Словенија – Тамара Зиданшек.
Зиданшек во моментов е 150 на ВТА ранг листата, а најдобриот ранкгинг за 28 годишната тенисерка е 22 место кое го имаше во 2022 година. Се работи за тенисерка која ја преферира земјената подлога и токму на таа подлога пред 5 години е нејзиниот најголем успех – полуфиналето на Роланд Гарос.
Покрај полуфиналето во Париз, Зиданшек зад своето име има и 1 ВТА титула освоена во 2021 година на турнирот во Лозана, но и 3 Челинџер титули.
Во контекст на настапите во Австралија, најдобриот резултат на Лина е во 2017 кога беше запрена во третото квалификациско коло од Швајцарката Вогел, додека Зиданшек има играно во главниот ждреб и има стигнато два пати и до втората рунда (2021,2022).
Може да се заклучи дека Лина ја очекува екстра силен противник, но ние веруваме во нејзините квалитети и со поддршката од Македонските навивачи во Австралија, се надеваме дека одново ќе не израдува.
Дуелот многу веројатно ќе стартува на 14 јануари, во раните утрински часови.

