Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар на Европското првенство во Хернинг, го игра против домаќинот – Данска. Избраниците на Николај Јакобсен се апсолутни фаворити на овој дуел, а тоа го потврдуваат и меѓусебните натпревари. Македонија има една победа против Данска, во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. На тој натпревар како селектор дебитираше Кирил Лазаров, со напомена дека на тој меч беше во улога на „играч-тренер“.
Досегашни меѓусебни дуели со Данска
Светско првенство, 25 јануари 2009
Македонија – Данска 24:32
Европско првенство, 21 јануари 2012
Македонија – Данска 32:33
Светско првенство, 18 јануари 2013
Македонија – Данска 30:33
Европско првенство, 12 јануари 2014
Македонија – Данска 21:29
Европско првенство, 24 јануари 2018
Македонија – Данска 20:31
Квалификации за ЕП, 11 март 2021
Македонија – Данска 33:29
Квалификации за ЕП, 14 март 2021
Данска – Македонија 37:21
Европско првенство, 17 јануари 2022
Македонија – Данска 21:31

