Македонската ракометна репрезентација славеше против данскиот прволигаш Митјиланд (35-27) и победнички ќе го очекува премиерниот меч на ЕП против Данска.
Најефикасен кај „црвено-жолтите“ беше Филип Кузмановски со 6 постигнати погодоци, по 5 гола реализираа Серафимов и Митев
Може да се констатира дека избраниците на Кирил Лазаров имаа успешни подготовки и од резултатска гледна точка, бидејќи остварија победи против Бахреин, Украина и Митјиланд. Ремизираа со Швајцарија, а загубија само од Хрватска.
Мечот против Данска на ЕП е закажан за 16 јануари од 20:30

