(ВИДЕО) СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ КАКО НЕКОГАШ БУФОН – СТРАШНА ОДБРАНА ЗА ПОБЕДА НА ВАЛЕНСИЈА
Капитенот на репрезентацијата, Филип Кузмановски е играч од кој несоменено многу зависи нашата игра и тоа дали Македонија ќе има шанса да се најде во ситуација да бара изненадување против Португалија и пласман во втората фаза. Кузмановски посочи дека уште при извлекувањето на групите беше јасно дека доколку сакаме втора фаза токму Португалија е натпреварот кој ќе одлучува и како тим целосно се подготвени за овој натпревар.
„Португалија игра ракомет сличен на оној на Данска – со брза транзиција и брз напад. Токму затоа овој натпревар мора да го отвориме многу подобро отколку дуелот со Данска и да се бориме во текот на сите шеесет минути.Во изминатите дваесет дена подготовки, потајно и фокусирано се подготвувавме токму за натпреварот со Португалија. Бевме свесни дека Данска е апсолутен фаворит, па затоа посебно внимание посветивме на дуелите со Португалија и Романија, бидејќи ако сакаме да ја поминеме групата, мораме да победуваме на тие натпревари.Подготвени сме добро, а и вчера покажавме дека со квалитетна ротација можеме да се носиме и на физички план. Веруваме во поволен резултат против Португалија, но тоа мора да го покажеме на терен – без респект и со целосна посветеност.Овој натпревар ни значи многу. Ќе одиграме борбено сите 60 минути, како што секогаш играла Македонија, и сите ќе изгинеме на теренот. На крајот се надеваме дека сите ќе се радуваме и дека ќе се пласираме во вториот круг. Можеби многумина не веруваат во тоа, но сите ние тука искрено веруваме дека го можеме тоа“, изјави капитенот.

