Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ: МОРА ДА ОДИМЕ НАПРЕД СО ВРЕМЕТО, НЕ СЕ ТОЛЕРИРА БАВНА ИГРА КАКО ШТО ИГРАМЕ ДОМА

Селекторот на Македонската репрезентација, Кирил Лазаров, ден по поразот од Данска и пред натпреварот со Португалија, повторно се наврати на она што го зборува неколку годинин наназад, а тоа е дека мора да продолжиме да го менуваме начинот на игра. Да го следиме она што се случува во светскиот ракомет, а тоа е форсирањето на побрза игра, затоа што судиите се помалку толерираат спора игра, со многу додавање и комбинации. Во неколку наврати на напреварот со Данска, уште по само 20-30 секунди влегувавме во пасивен напад заради начинот на кој играме.

Селекторот посочи дека за натпреварот со Португалија мора го организираме нападот според планираното а не да бидат изнудени шутеви под пасивен напад, затоа што тогаш ќе имаме сериозен проблем.

 

„Треба да се водиме и да учиме од најдобрите – од Данска и од Португалија. Не треба да играме таканаречен ‘македонски ракомет’. Тоа го повторувам постојано, затоа што нашата лига и стилот на игра во неа се сериозен проблем. Многу е тешко да влезеш во ритам на брз, модерен ракомет кога играчите со месеци, на клупски план, се далеку од тој интензитет.

Како ракометна нација која ѝ придава огромно значење на репрезентацијата, мораме сите многу повеќе да се посветиме на следење и фаќање на светските трендови и на ова ниво на игра. Мене сè ми е јасно – заедно со стручниот штаб и со играчите се бориме, и воопшто не е лесно, но се стремиме кон тоа.

Некогаш и блиц-успехот знае да биде залажување, а некогаш е добро да се удриш во ѕид за да се освестиш. Се разбира, не посакуваме токму овој јануари во Хернинг да се случи такво нешто.

Наш голем проблем е што пребрзо влегуваме во опасност од пасивен напад. Тоа директно се одразува на нашата офанзива и мораме да го поправиме – да наоѓаме решенија побрзо. Ако Португалија нè доведе барем 7–8 пати во ситуација на пасива, тогаш ќе имаме сериозен проблем“, заклучи Лазаров

Читај Претходна

ГИДСЕЛ: МАКЕДОНИЈА ИМА ШАНСИ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА

Читај Следна

KУЗМАНОВСКИ: ЗНАМ ДЕКА МНОГУ НЕ ВЕРУВААТ ВО ВТОР КРУГ, НО НИЕ ВО ТИМОТ ЌЕ ДАДЕМЕ СЕ ОД СЕБЕ ЗА ТОЈ УСПЕХ