(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Утре во Мелбурн, Австралија, почнува првиот Гренд слем оваа година, Австралија опен. Прв носител на турнирот е најдобриот светски тенисер во моментов, Карлос Алкараз, додека пак прв фаворит е двократниот победник на АО, светскиот рекет број два, Јаник Синер.
Во Мелбурн во првото коло ќе настапат сите од топ 10, а меѓу нив и најтрофејниот тенисер на Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ. Популарниот Ноле се мачеше со повреда претходниот месец, но по сè изгледа успеа да се подготви и ќе биде присутен во Австралија.
За Ѓоковиќ ова е 21 учество на АО, откако првпат настапи во 2005 година. Од тој момент до денес, дури 10 пати го подигаше највредниот трофеј. Ноле оваа година не е главен фаворит, истиот епитет им припаѓа на далеку помладите Алкараз и Синер, и сè почесто се поставува прашањето дали српскиот тенисер ќе дојде до таа фамозна 25. Гренд слем титула?
Ноле во најавата за турнирот посочи дека е среќен што е овде, не е опседнат со освојување на 25. титула и свесен е дека во моментов Алкараз и Синер играат на друго ниво во споредба со сите други тенисери, но на големите турнири не смее да се одземе шансата на никого
„Одлично е што сум повторно тука. Ова ми е 21-ви пат, што е неверојатно. Првпат се квалификував за грен слем тука во 2005 година, долго и успешно патување. Многу се зборува за 25-ти Гренд слем, но јас сум повеќе фокусиран на она што веќе сум го постигнал, 24 не е лоша бројка. Сакам малку да го отстранам притисокот од себе. Секогаш има притисок, но не сакам да го имам или да го чувствувам тој менталитет „сега или никогаш“. Знам дека кога сум здрав и кога ќе ја составам сложувалката, можам да победам секого. Знам дека Синер и Алкараз се на различно ниво во споредба со другите, но тоа не значи дека никој друг нема шанса“, заклучи Ѓоковиќ.
Посебно мотивиран во Мелбурн доаѓа првиот светски рекет, Карлос Алкараз, кому токму Австарлија Опен му недостасува за комплетирање на сите четири Грен Слем трофеи.
Во првото коло Алкараз игра против Валтон од Австралија, актуелниот шампион Синер против Гастон од Франција, Третиот носител на турнирот Саша Зверев против Диало од Канада а Новак против Мартинез од Шпанија.

