МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Името на Раул Гонзалес со златни букви ќе биде испишано во историјата на македонскиот ракомет. Шпанецот го предводеше Вардар до историската прва титула во Лигата на шампионите, а беше и селектор на Македонија.
Тоа што импресионирапше кај Раул уште додека беше предводник на Вардар е што постојано се трудеше да го научи и да го говори македонскиот јазик. Раул во тоа успеа, а иако поминаа 8 години од неговиот престој во Македонија – тој уште говори македонски.
Гонзалес вчера го покажа целото своето ракометно знаење, ја шокираше Германија среде Хернинг, а тајм-аутите ги водеше на македонски јазик.
56-годишниот стратег е вистински пример како се ценат и почитуваат вредностите на една земја.
Секоја чест, „Ел генерале“

