МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Браќата Кошта во Протугалската репрезентација дефинитивно ќе бидат главната опасност за Македонската ракометна репрезентација во решавачкиот дуел против Португалијаза втората позиција во групата Б на Европското првенство.
Во пресрет на натпреварот, Мартим Кошта, потенцираше дека со Македонија ќе биде потешко отколку против Романија, свесни се за предизвикот и притисокот кои го носи овој наптервар но истакна дека се спремни за победа.
„Очекувам многу потежок натпревар отколку против Романија. Македонија одигра одлично прво полувреме против Данска и јасно е дека нè чека сериозен тест. Ако сакаме пласман во следната фаза, мораме да ја завршиме работата и да славиме против Македонија. Повеќе не сме репрезентација што изненадува – покажуваме континуитет во игрите. Притисокот е поголем, но тоа е нешто што ни одговара“, изјави Кошта.

