(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Дебитантот на европаките првенство, Михаил Аларов одлично ја одработува својата задача особено во дефанзивата. Исктакна дека е неверојатно чувството да се игра за својата земја против вакви противници, нешто што секогаш е мотив плус. Голема благодарност искажа кон фалангата за поддршката која им ја даваат на играчите.
„Поддршката од ‘Фалангата’ е нешто што навистина се чувствува. Се слуша секој глас, секоја свирка, а нивниот инает ни дава дополнителна енергија и нè турка да го дадеме максимумот, особено во тешките моменти.
За мене лично, исклучително е возбудливо што токму на моето прво Европско првенство се соочив со два толку силни противници. Среќен сум од она што го прикажавме, од тимскиот дух и од играта против Португалија, бидејќи ваквите натпревари ја креваат самодовербата за продолжението.
Романија е поинаков тип на противник во однос на Данска и Португалија. Делуваат покорпулентно и повисоко, не очекувам брз ракомет од нивна страна, но се многу цврсти во одбраната. Верувам дека нè очекува исклучително тврд и физички тежок натпревар“, изјави Аларов.

