(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонија со победа многу веројатно го заврши настапот на Европското првенство во Данска. Во последниот натпревар Македонија во последната секунда ја победи Романија (24-23)
Почетокот навестуваше многу поголема побеса но во вториот дел играта доживеа пад па победата ја спасувавме во последните секунди.
Лазаров истакна дека вакви резултати ако ни ги понудеа пред првенството ќе прифатеше.
„Честитки на момците, навистина не можам да им замерам ништо. Сакавме пласман во ТОП-12 и мислам дека и го заслуживме тоа. Да дадеше некој вакви резултати пред Европското првенство, јас ќе ги прифатев без двоумење, но искрено – сакав повеќе.
Имавме напад за победа со Португалија, требаше таму да решиме. И некако секогаш ни се повторува истото. На минатото Светско првенство имавме напад за два разлика со Унгарија, па скоро добиен дуел со Холандија, со Австрија… и пак се враќаме на истата приказна.
Тоа е македонски менталитет, македонска глава и тука мора сериозно да се работи. Во овој момент не сум незадоволен – ова е моето моментално чувство. Кога ќе паднат емоциите, тогаш ќе видиме реално како сме се спротивставиле на европските сили.
Ние ќе останеме во салата и на следниот меч, ќе навиваме за Данска и ќе видиме што ќе биде“, изјави Лазаров.

