Vinkmag ad

ТОМОВСКИ: СРЕЌНИ СМЕ ЗА ПОБЕДАТА, НО ЗНАЕМЕ ДЕКА МОЖЕВМЕ ПОВЕЌЕ…

Мартин Томовски беше вистински јунак против Португалија и за 15 минути запиша осум интервенции. Солиден беше на голот и вечерва со 5 интерценции од 18 удари. Томовски потенцираше дека победа во последна секунда, како и обезбедување прв шешир за СП е секако нешто што треба да не радува, но останува мала горчина и мисла дека можевме повеќе.

„Не се предадовме до последниот момент, иако во еден период влеговме во криза која Романија ја искористи. Сепак, победата е победа и поради тоа сме среќни, иако има и за што да жалиме.Сакавме да направиме поголема резултатска разлика, а можеби токму таа желба ни создаде дополнителен притисок и стрес во текот на натпреварот.Сакам да им посакам брзо заздравување на нашите повредени играчи. Во периодот што следува ќе ги анализираме грешките, затоа што секогаш може подобро и кон тоа подобро ќе се стремиме“, изјави нашиот голман.

 

Читај Претходна

ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ КРВАРИ – МОМЦИТЕ ОСТАВИЈА СРЦЕ НА ТЕРЕН

Читај Следна

МОРАВМЕ И МОЖЕВМЕ ПОВЕЌЕ ПРОТИВ РОМАНИЈА