Vinkmag ad

СПЕКТАКЛ ВО ГРУПАТА 1, ДАНСКА ЈА ПОБЕДИ ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА НАЈБЛИСКУ ДО ПОЛУФИНАЛЕ

Групата 1, во главната рунда на ЕХФ Европското првенство, каде што требаше да игра и Македонија доколку продолжеше понатаму, приреди вистински ракометен спектакл денес.
Три натпревари, три дерби средби и три инфаркт завршиници во исклучително изнедачена група каде веројатно до последниот напад нема да се знае кој ќе заврши на првите две позиции

Во првиот натпревар на денот, голема победа оствари Германија совладувајќи ја Португалија со 32:30, и дојдоа до четири бода и прво место во групата. Исклучително неизвесно беше до самиот крај кога се играше гол за гол, а Франџиско Кошта буквално сам ја одржуваше Португалија во игра за позитивен резултат.На крајот Кошта натпреварот го заврши со 10 постигнати погодоци но разноврсноста кај Германците беше пресудна. Најдобри кај победниците беа Шлуроф со 7 погодоци и фантастичниот Волф со 14 одбрани.

Најголемата драма се случи на натпреварот Норвешка – Шпанија кого норвежаните го добија со минимални 35:34, а вистинската драма се случи во последниот напад, кога Шпанците напаѓаа за изедначување со двајца играчи повеќе, но нивниот обид за цепелин на пет секунди до крајот беше неуспешен, и Норвешка ги запиша своите први бодови во главната фаза, а Шпанија остана на нула.

Во дербито на колото, домаќинот Данска ја победи Франција со 32:29. Французите имаа повеќе од водството во текот на натпреварот, минимални 12:11 на полувреме, плус 2 на 10 минути до крај но Данците предводени од голманот Нилсен режираа пресврт за голема победа. Токму Нилсен беше МВП на натпреварот а најефикасен со девет погодоци беше Гидсел, веднаш зад него со 8 беше Питлик. Кај Французите Мине постигна 7, но разочараа Пранди со само еден и Мем со скромни три.

По комплетирањето на првото коло во главната фаза, Германија има четири и е осамена на врвот, Данска Франција, Норвешка и Португалија имаат по два бода а само Шпанија е без бодови

Читај Претходна

СИНОТ НА ВРБИЦА СТЕФАНОВ СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

Читај Следна

ДИМИТРИЈЕВИЌ ВО ЕЛЕМЕНТ – БАЕРН ЗАПИША ТРИУМФ ВО ЕВРОЛИГАТА