(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонските прволигаши интензивно се подготвуваат за продолжението на сезоната, а дел од нив базата за работа ја најдоа во Анталија. Турскиот град и овој јануари е центар на фудбалските подготовки за екипите од ПМФЛ.
Во Анталија се наоѓа и Тиквеш, а кавадаречкиот клуб денеска имаше специјална посета. Тимот беше посетен од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, кој со своето присуство им даде поддршка на клубовите во пресрет на возбудливата пролетна полусезона.

