МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Голема победа во главната фаза запиша селекцијата на Хрватска против Исланд (30:29).
Коцкастите уште од првата минута беа подобар противник и водеа во текот на целиот натпревар па сосема заслужено дојдоа до победата.
Најзаслужни за победата беа хрватските бекови, кои го торпедираа голот на противникот. Најефикасен беше Матео Мараш со 7 погодоци, еден помалку имаше Срна, а четири запиша капотенот Мартиновиќ кој поради повреда не играше во последните 20 минути.
Свој допринос имаше и голманот Кузмановиќ кој одбрани три седмерци а седмерец одбрани и Славиќ во 58тата минута
Кај Исланд најдобар на теренот беше Магнусон со 8.
За Хрватска ова се први бодови во главната фаза и сега се изедначени со Исланд, како и со Шведска и Словенија кои својот натпревар го играт вечерва. Со нула се Унгарија и Швајцарија кои играат во 18:00 часот.

