Vinkmag ad

СРБИЈА Е НОВ ЕВРОПСКИ ВАТЕРПОЛО ПРВАК

Србија е новиот европски шампион во ватерполо, откако во големото финале на Европското првенство ја совлада селекцијата на Унгарија (10-7)

Во натпревар исполнет со силна борба, темпо и голема неизвесност, домаќинот ја наметна својата игра во клучните моменти, ја доби последната четвртина со 3-1 и  стигна до златниот медал.

Српските ватерполисти покажаа карактер и искуство, контролирајќи го резултатот во завршницата на мечот.

Унгарија пружи сериозен отпор и неколкупати се враќаше во игра, но Србија беше поконкретна во нападот и посигурна во одбраната, што на крајот се покажа како пресудно.

Со оваа победа, Србија ја потврди доминацијата на европската ватерполо сцена и по Олимпидката, сега стигна и до Европската титула.

Читај Претходна

ЕЛМАС ИГРАШЕ 68 МИНУТИ – ЈУВЕНТУС ГО РАЗМОНТИРА НАПОЛИ

Читај Следна

РОНАЛДО ГО ЗАСИЛИ БАШКИМИ