МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Фудбалскиот клуб Башкими го засили ростерот пред продолжението на сезоната со интернационалец од Тринидад и Тобаго. Нов член на клубот е 24-годишниот Никел Роналдо Ор.
Ор настапува на левата офанзивна страна и во редовите на Башкими пристигнува од кипарскиот ПАЕК. Во клубот очекуваат брза адаптација и конкретен придонес од новото засилување.
„Станува збор за современ тип фудбалер кој се вклопува во нашата визија и стил на игра. Веруваме дека ќе биде важен дел од тимот во остварувањето на зацртаните цели. Со овој трансфер уште еднаш ја покажуваме амбицијата на ФК Башкими 1947 да гради стабилен и конкурентен состав“, соопштија од клубот.

