Србија е новиот европски шампион во ватерполо, откако во големото финале на Европското првенство ја совлада селекцијата на Унгарија (10-7)
Во натпревар исполнет со силна борба, темпо и голема неизвесност, домаќинот ја наметна својата игра во клучните моменти, ја доби последната четвртина со 3-1 и стигна до златниот медал.
Српските ватерполисти покажаа карактер и искуство, контролирајќи го резултатот во завршницата на мечот.
Унгарија пружи сериозен отпор и неколкупати се враќаше во игра, но Србија беше поконкретна во нападот и посигурна во одбраната, што на крајот се покажа како пресудно.
Со оваа победа, Србија ја потврди доминацијата на европската ватерполо сцена и по Олимпидката, сега стигна и до Европската титула.

