Vinkmag ad

ОД ФУДБАЛСКИ ПРВОЛИГАШ, ДО РАКОМЕТЕН ХЕРОЈ НА ИСЛАНД

Приказната на Виго Кристијансон, десниот бек на исландската ракометна репрезентација, привлекува големо внимание. Членот на бундеслигашот Ерланген вчера одигра маестрален натпревар во големата победа на Исланд против Шведска, при што беше најефикасен во својот тим со 11 постигнати голови.

Интересно е што ракометот не бил неговиот прв избор. Како и многумина, Кристијансон своите спортски почетоци ги започна со фудбалот, каде што настапуваше како играч од средниот ред и до 21-годишна возраст забележа 12 настапи за прволигашот Бреидаблик.

Откако фудбалската кариера не се одвиваше во посакуваната насока, тој донесе одлука да му се врати на ракометот. Во продолжението на кариерата настапуваше за Грота, Рандерс, Хандбал Вест Виен и Лајпциг, а денес е стандарден член на Ерланген во германската Бундеслига. Дебито за сениорската репрезентација на Исланд го имаше во 2019 година.

Читај Претходна

РОНАЛДО ГО ЗАСИЛИ БАШКИМИ

Читај Следна

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: ТРИ СТРАШНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО