Групата „1“ на Европското првенство нуди вистински спектакл. Данска, Франција, Германија… речиси сите главни фаворити за шампионската титула се тука. Денес на програмата е директен дуел за пласман во полуфиналето: домаќинот Данска се соочува со моментално првопласираната, Германија. Натпреварот започнува од 20:30 часот.
Претходно, денот ќе го отвори натпреварот Португалија – Норвешка од 15:30, а потоа следи уште еден суперинтересен дуел, Шпанија – Франција.
Сите натпревари можете да ги следите во директен пренос на МРТ.

