(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети денес обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија Опен во Мелбурн, откако го совлада Американецот Тејлор Фриц со 6:2, 7:5, 6:4.
Во четвртфиналето Музети ќе се соочи со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се пласира понатаму без да настапи во 1/8, откако Чехот Јакуб Меншик се повлече од турнирот поради повреда.
Мусети стигна до своето четврто грен слем четвртфинале, а прво во Мелбурн.
Во првиот сет Музети направи два брејка, додека за освојување на следните два му беше потребен по еден брејк.
„Мислам дека денес мојот сервис одлично функционираше“, изјави Музети, кој забележа 13 аса и освои 84% од поените на првиот сервис.

